Скопје

Инспектор од Град Скопје го пријавил Курто Дудуш дека го навредувал, градоначалникот исто пуштил пријава за закани

На 11.02.2025 околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. -градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри.

На 11.02.2025 во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот.

На почеток