Македонија

Николоски: Ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар, не е потпишан – не прават урбанизација каква што треба

Министерот за траспорт и врски, Александар Николоски рече дека нема да се носат најавениот специјален закон за општините Центар и Карпош, но затоа, нема да им се поптишуваат Деталните урбанистички планови за да не прават урбанизација која според него „не е каква што треба“.

„Градоначалниците на двете општини не се сложија, а тоа мора да е соработка на општините и Министерството. Јас тоа што го ветив го почитувам. И си го држам зборот. До денес, од изборот на Владата, ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар не е потпишан. Мислам дека локалната администрација не ја врши својата работи и не прават урбанизација каква што треба“, рече Николоски.

На почеток