Македонија

СДС да го исклучи Филип Андов Сокол од Централниот одбор на партијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, е синоним за начинот на функционирање на СДС и ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Филип Андов Сокол кој е исто така поранешен советник на Заев е доказ за криминалното владеење на СДС во изминатите 7 години.

СДС соработувала со криминалци а преку Филип Андов Сокол стигнале до ниво и државата да работи за криминалци. Сокол трошел државни ресурси и народни пари за да се рашетуваат криминалците од Шутка.

Филип Андов Сокол од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат и каде сакаат а униформирани лица тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и трошеле службени ресурси.

СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците.

СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол.

Правда и одговорност мора да има.

Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем.

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството.

На почеток