Трамп се подготвува да испрати војници во соседна земја, предупредува шефот на Пентагон: „Решете го овој проблем веднаш!“


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, наводно, пред еден месец ги предупредил мексиканските власти дека американската војска е подготвена да преземе „еднострана акција“ против мексиканските нарко картели доколку не се преземе нешто за да се запре протокот на фентанил и мигранти во САД.
Шефот на Пентагон ги даде забелешките за време на разговорите на 31 јануари со највисоките мексикански воени претставници и ги повика да го решат проблемот со насилните криминални организации, објави Волстрит журнал.
Мексиканските власти беа шокирани од коментарите на Хегсет и добија впечаток дека тој сугерира дека американските воени напади би можеле да се случат јужно од границата.
Пентагон објави дека Хегсет нагласил дека негов главен приоритет е да ги заштити САД и нивните граѓани, а тоа вклучува и обезбедување на јужната граница.
– Министерот ја истакна важноста на мексиканските вооружени сили да продолжат да ги попречуваат активностите на картелите кои им се закануваат на САД, а Мексико да продолжи да презема чекори за спречување на илегалната миграција во САД. Министерот и неговите мексикански колеги ја потврдија својата посветеност за продлабочување на билатералната соработка меѓу нашите војски, се додава во соопштението на Пентагон, според Њујорк пост.
Хегсет претходно одби да ја исклучи можноста за воена акција на САД против мексиканските нарко картели.
На прашањето во интервјуто за Fox & Friends дали на војската треба да и се дозволи да спроведува операции во Мексико откако Трамп нареди картелите да бидат означени како странски терористички организации, Хегсет одговори дека сите опции се на маса. Сепак, тој нагласи дека на крајот претседателот ќе одлучи како да се справи со нарко картелите.
