Свет

(Видео) Протести низ Америка поради односот кон Зеленски во Белата куќа: „Тие ја преминаа границата“

На неколку места во САД вчера избија протести против администрацијата на Доналд Трамп, еден ден откако актуелниот американски претседател и потпретседател Џеј-Ди Венс влегоа во жестока вербална пресметка со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.

Стотици демонстранти се собраа во Вејтсфилд, Вермонт, каде Џеј-Ди Венс отиде на скијање со своето семејство. Иако протестот беше планиран на почетокот на неделата, организаторите рекоа дека голем број луѓе решиле да дојдат откако го виделе појавувањето на Трамп и Венс во Белата куќа.

Насобраните носеа транспаренти со пораки „Вермонт стои со Украина“ и „Меѓународен срам“, а многумина вееја украински знамиња. Телевизијата Фокс објави снимка од протестот, но на неа беа прикажани заматени постери со пораки против Венс и поддршка за Украина.

„Она што го направи вчера…пречекоруваше граница“, изјави демонстрантката Кори Жиру за јавното радио на Вермонт.

Hundreds of protesters gathered in Waitsfield on Saturday morning to protest Vice President JD Vance, who is visiting Vermont with his family for a ski trip this weekend.

[image or embed]

— Vermont Public (@vermontpublic.org) 1 March 2025 at 17:38

Гувернерот на Вермонт, Фил Скот, републиканец кој не го поддржа Трамп во ниту една од неговите три претседателски кандидатури, ги повика граѓаните да бидат фер кон потпретседателот и неговото семејство пред доаѓањето на Венс.

„Ве молам да им посакате добредојде во Вермонт и се надевам дека ќе имаат можност да го искусат она што ја прави нашата држава и нашиот народ посебни“, рече Скот.

На почеток