Македонија

Палевски сака да докаже дека бил во банка дента кога Вања е убиена – уплатницата е реализирана по повеќе од час и половина од времето на убиството

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за планирање и реализирање на двете убиства, пред судот докажува дека денот кога е убиена Вања тој бил во банка. Тој на судот му дал уплатница за да го уведи дека на 27 декември во 11:40 минути бил во „Халк банка“ во Буњаковец. Но ова нема доказна вредност, бидејќи според обвинението, Вања била убиена пред 10 часот. Ова би значело дека трансакцијата на Палевски е направена по грозоморниот чин.

Сепак, Палевски, бара судот да ги прибави снимките од надзорните камери на банката. Тој тврди дека бил заедно со пензиониран професор, Мартин Панчевски. Ова лице беше побарано на адресата посочена од адвокатите на Палевски, но не беше пронајдено за да му се достави покана за ова рочиште.

„Мартин Панчевски – непостои такво лице според посочената адреса“, рече судијата уште на почетокот од судењето.

Пред да почнат со изведувањето на материјалните докази, како сведок предложен од Палевски сведочеше полицискиот службеник вработен во СВР Велес, кој раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец Жежовски. Прашањата на Палевски до полицискиот службеник беа каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Адвокатите на Палевски сакаат снимки од банката за да се види Палевски и неговото одење на банка, затоа што неговиот лик не се гледал на снимките од „Сејф сити“.

„Со тоа го докажуваме спротивното од обвинителство, бидејќи нивниот доказ како возила се шетаат низ Скопје, без утврдени ликови, не е доказ. Палевски пак со сведок се наоѓа во Халк банка. Не е возможно во ист период да биде на две различни локации“, рече адвокатот Јовица Страшевски.

На претходните рочишта беа презентирани видео материјали токму денот кога Вања е грабната. Па така, Вања била однесена на местото каде што е убиена во 07:59 минути. Во 09:08 минути „Цитроенот“ и „Реното кангу“ одат кон местото каде „циторенот“ беше запален. Во 09:36 минути „цитроенот“ е запален. Во 09:49 минути се гледа возилото „Рено кангу“ како се движи на
крстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“. Ова, според Обвинителството, знача Вања била веќе убиена, а дел од трагите уништени.

Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

На почеток