(Видео) Станковски: Во 2001 имавме неспособни генерали, но сега нема мотивираност како во 2001 и полошо би поминале


Антонио Станковски, кој беше дел од безбедносниот систем, гостин во „Претрес со Ландов”, вечерва открива детали за антитерористичките акции: Бродец, Диво Насеље, Монструм, Радуша. Вели порано не требаше партиска книшка да се биде дел од безбедносните служби. Тој бил заменик командант на Волците. Во 2001 бил деградиран зошто не се согласувал со ставовите на претпоставениот.
За 2001 и воениот конфликт вели грешка е што немаше координација меѓу полицијата и армијата.
„Кај нас е проблемот. Политичарите мора да ги предвидуваат проблемите. Исто е и сега. Кој ќе ни даде оружје? Полошо сега ќе поминеме од 2001. И моралот во 2001 беше на ниво, тогаш бевме мотивирани, сега не. Воениот рок треба од утре да се врати. Неспособни генерали имавме во 2001”, вели Станковски.
Во масакрот во Вејце се сеќава, ми погина соборец. За тоа обвинуваа припадник на МВР, со ова Станковски не се согласува и ги обвини раководните структури, конкретно Бошевски кој бил одговорен за тетовско, и бил повикан од пензија. Вејце не било наместено. „Идеите и плановите“, вели, „му беа како од 18 век“.
„Државата е на прво место, фамилијата на второ или трето место”, посочува Станковски.
