Македонија

„Претрес“ за антитерористичките акции: Бродец, Диво Насеље, Монструм, Радуша, за воената полциија, ЕБР

Негово ремек дело беше акцијата Планинска бура во Бродец. Седеше на маса со Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Раднкот, Чавков. Вклучен во акцијата Диво Насеље. Бил втор човек во Волците во 2001 година, командант на Воената полиција, ја реформираше ЕБР откако државата воочи дека нема контрола врз неа.

Вечерва (05.03), од 20 часот, за првпат и ексклузивно, во живо, од човекот кој од ЈНА бил во Армијата, па заврши во МВР, ќе чуете:

За сите детали од војната во 2001 година, вклучувајќи и за Арачиново
Како се реформираше ЕБР по демолирањето дискотеката Процес?
Го дознавате планот и делување за акцијата во Бродец, најдобрата во историјата на МВР.
Ќе го чуете и видите човекот кој беше шеф на сите специјалци.
А ќе ви каже и кој го стопираше реформирањето на единиците и бркаше професионалци од МВР.
Како ни се случи Диво Насеље со жртви од редот на безбедносните сили? Беше ли планот погрешно скроен?
Но ќе зборуваме и за терористите од случајот Монструм за убиствата кај Смилковското Езеро.
Кој е Мијалков, која е Јанкулоска? Но и кој е Оливер Спасовски, а кој Чавков?

Во нашето студио, Антонио Станковски, претседател на здружението СИЛА, кој цел живот беше дел од безбедносните сили во Македонија. Ексклузивно за многу неодговорени прашања. Ќе биде болно, но вистинито.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

На почеток