Скопје

Двајца млади скопјани завршија во болница, по сообраќајка во Скопје

На 05.03.2025 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.Ј.(30) од Скопје и мопед „априлиа“ , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје,

констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток