Македонија

Обвинителката Трајчевска уште чека вештачења за загинатиот Лешко: На прашањата ќе одговорам директно, не преку медиуми

Пак се наредени нови вештачења во случајот за смртта на младиот ди-џеј Љупчо Лешко. По седум месеци, обвинителката Тања Трајчевска вели дека и натаму се прават проверки и се обезудуваат докази. На прашањата кои јавно и ги поставија родителите, одби и јавно да одговори. Во одговор за „Скопје1“, посочува дека за тоа ќе зборува со нив во четири очи, иако семејството Лешко веќе просведочи дека обвинителката им кревала раце кога поставувале прашања.

„Во предметот во континуитет се преземаат дејствија и се вршат распити на лица. Вештак не е сменет, туку се наредени повеќе вештачења и мерења со цел да се добие прецизна и објективна проценка за причините за несреќата и сите околности кои довеле до настанот. Надлежниот јавен обвинител ќе ги изврши сите проверки и ќе ги обезбеди сите докази. Потоа на сите прашања на семејството на починатиот, имајќи ја предвид пред се нивната огромна загуба и болка, ќе одговори директно, а не преку медиумите“, вели Обвинителството за „Скопје1“.

Ова доаѓа откако семејството посочи дека истрагата се претворила во турска серија, па и посочија на обвинителката: „Кабелот не е крив!“. Веќе неколкупати досега алармираа дека објектот кој бил изнајмувен за забавата не бил запечатен по несреќата, а ниту вештак влегол таму. Чудно беше и тоа што им била вратена миксетата преку која Љупчо пуштал музика, за по нивното појавување во поткастот „Претрес“ да им ја одземат одново. Уште во декември, обвинителката Трајчевска рече дека издала наредба за вештачење во рок од 30 дена, за сега, да има нови наредби.

Инаку, Љупчо Лешко загина од струен удар. Тоа е потврдено и со обдукција во Судска медицина. Засега не е утврдено чија е вината и како се случило. Познато е само дека објектот бил изнајмен и се наоѓа во Радишани. Постојат и сомнежи за низа пропусти во постапката.

Родителите поставија десетици јавни прашања, на кои сега, и јавноста чека одговори:

„Истрагата за смртта на Љупчо Лешко се претвори во турска серија, обвинителке, кабелот не е крив“ – семејството објави детали за резиденцијата каде загина момчето

На почеток