Македонија

Големиот шумски пожар над беровско е ставен под контрола – гори на уште девет локации

Големиот шумски пожар над беровското с. Двориште е ставен под контрола.

„Инаку, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имаше вкупно 62 пожари на отворен простор врз кои дејствуваа локалните противпожарни единици. Од нив 9 останаа активни во текот на ноќта и сеуште се активни иако со смален интезитет. Од вкупниот број на пожари на отворен простор 6 се шумски пожари“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Шумски пожари на ден 09.03.2025 година, (недела).

1.Во правец Ресен спрема с.Евла (Општина Ресен) – запалена ниска вегетација и грмушки, смрека и мал дела од букова шума.

2.Помеѓу ресторан „Чифлик“ и с. Брусник (Општина Битола) – пожар на шума (гореле овошки).

3.М.в. Кобел кај с. Алданци (Општина Крушево) – запалена ниска вегетација, трње и нискостеблеста дабова деградирана шума.

4.с. Сладуево (Општина Демир Хисар) – запалена сува трева и шума.

5.Планината Oгражден над с.Сушица (Општина Ново Село)- папрат, смрека и млада дабова шума
6.С.Кованец (Општина Гевгелија) пожар на шума

На почеток