Македонија

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка во Министерството за да не ја изложи институцијата на судски постапки. Денес, на прес-конференција, по последните обвинувања од СДСМ, рече дека до потписот не знаел чија е компанијата, но поради презимето истражил.

„Кога од Комисијата велат дека имало еден пријавен на соодветната јавна набавка и дека ги исполнува сите услови ваша задача е да ја потпишете јавната набавка. До потписот јас не знаев дека постои ваква фирма. Заради презимето истражив и бев ставен во ситуација доколку ја поништам постапката го ставам министерството на трошок да се спроведуваат против нас судски постапки што биле пракса во минатото и да плаќаме пенали“, рече Андоновски.

Иако истражил чија е компанијата, Андоновски нагласи дека како министер нема законска можност или простор за истражување на контактите на секој од 150 вработени во Министерството и нивниот однос со приватни компании.

Државната секретарка Андоновски вели дека не учествува во ниедна фаза од постапките за јавна набавка, па од тука нема судир на интерес, но ги повика институциите да истражат.

Објасни дека не го оштетил, туку му заштедил да Министерството со изборот на компанијата.

На почеток