Свет

(Видео) Вучиќ ги обвини студентите дека натепале полицаец, снимките покажуваат дека е натепан од колеги

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини студентите дека тие нападнале полицаец кој заврши со тешки повреди, односно раскрварено око. Но снимките на социјалните мрежи покажуваат дека токму полицаец го удрил полицаецот кој бил во цивинла облека и стоел на страна.

„Лазар Бачиќ, полицаец, нападнат од страна болните пленумци пред зградата на РТС. Има тешки телесни повреди“, напиша Вучиќ.

Сепак, снимките покажуваат друго. Тој бил повреден од кордонот полиција, односно еден припадник кој го удира.

Исто така, тој бил во цивилна облека и не се легитимирал како полицаец.

На почеток