Свет

(Видео) Од авион излегуваше чад, патниците бегаат: Невидена драма во Денвер, авион принудно слета

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи тобогани, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шесте членови на екипажот можеле безбедно да го напуштат авионот, иако шест патници потоа биле префрлени во локална болница за дополнителни проверки, пренесува Index.hr.

На социјалните мрежи е објавена драматична снимка на која се гледаат патници како стојат на крилото на авионот пред евакуација, додека од моторот излегува густ чад.

На почеток