Не може да се потврди колку лица биле во клубот, рече обвинителот Коцевски и најави темелна истрага


Пет јавни обвинители работат на терен и преземаат мерки за да се утврди што точно се случило во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 51 лица, а најмладото лице има 14 години. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски не знаеше да одговори што била причината за пожарот, колку гости загинале, колку се спасиле.
„Да, во моментов ништо не можеме да ви кажеме, работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Не може да потврди колку луѓе имало во дискотеката. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен целосно“, рече Коцевски, иако неофицијално се споделува бројка дека 1700 лица имало во клубот.
Тој ирази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор, иако медиумите веќе пишуваат дека станува збор за десетина лица.
