Адвокатот Оленик: Државата изврши тешко злосторство врз своите граѓани, ги повикувам заедно да ја тужат Србија


Бројот на повредени граѓани вчера во Белград, откако најверојатно звучен топ беше употребен против мирните демонстранти за време на 15-минутното молчење и оддавањето почит на жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се зголемува од час во час, според адвокатот Александар Оленик, од правниот тим на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), кои побараа правна помош од неговата канцеларија.
Според адвокатот Александар Оленик, во понеделник ќе бидат поднесени првите тужби против државата Србија и одговорните за употреба на забрането оружје против мирните демонстранти.
Според него, тоа е тешко кривично дело бидејќи против граѓаните кои мирно протестирале е употребено нелегално оружје.
,,Сите граѓани кои беа изложени на ударот на звучниот топ во улица Крал Милан, а чувствуваат гадење, главоболка, повраќање и се дезориентирани, веднаш да се јават на лекар и да побараат стручна помош. Овие симптоми се резултат на звучниот топ и може да бидат опасни доколку не се лекуваат. Проблемот е што многу луѓе не ни знаат што всушност им се случило”, вели Оленик.
