Скопје

Се чисти коритото на Серава за да се спречи излевање, во центар се дератизираат две илјади шахти

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека денеска Град Скопје го чисти коритото на река Серава.

„По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава, реката се чисти пределот каде што е под ГУП, со тоа согласно закон и надлежност на Град Скопје. Благодарност за реакцијата, со ова спасивме потенцијално излевање на реката во овој дел на Општина Бутел“, напиша Костовски.

Истовремено, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека почнала дератизацијата во Центар.

„Почнавме со редовна пролетна дератизација во Центар. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари и инсекти, како и превенција од можни заразни болести. Дератизацијата ја спроведуваме два пати годишно, во пролет и есен, и претставува една од клучните мерки што ги преземаме за заштита на здравјето на населението“, напиша тој.

На почеток