Скопје

Сведоците на крвавиот инцидент во Марино: Добиваме заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители

Сведоците на крвавиот инцидент во скопско Марино велат по дадените изјави за настанот добивале заканувачки пораки и притисоци од осомничените сторители, браќата Јордан и Александар Цветковски синови на ексградоначалникот на општина Петровец и советник во Единицата за планирање стандарди и контрола на квалитетот при МВР, Звонко Цветковски, но и од нивен близок пријател чие име не сакаа јавно да го соопштат, објави ТВ24 .

Семејството на повредениот полициски службеник Филип Филиповски, пак, подготвува тужба за напаѓачите на нивниот син. Денеска во телефонски разговор таткото, Гоце Филиповски за ТВ 24 вели дека тие немаат намера да седат со скрстени раце и дека се уште бара одговори на прашањата: зошто браќата кои се познати насилници, после брутален напад со нож се пуштени на слобода, и дали силните врски на нивниот татко ќе овозможат крвавиот инцидент да помине неказнето.

Сепак ТВ24 од извори од истрагата дознава дека ножот со кој бил изврешен нападот врз полицискиот службеник се уште не е пронајден, а токму такво тврдење имаше вчера и таткото на Филип.

Текстот во целост на ТВ 24

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток