Скопје

Андоновска: Наумовски за една година не направи ниту еден проект во Ѓорче Петров, а општината нема пари ниту за канализации и патишта

Една година СДСМ во Ѓорче Петров, една година стагнација. Александар Наумоски и СДСМ една за една  година не направија ниту еден проект, дека така планираат да продолжат и во иднина гледаме и од предлог ребалансот на Буџетот на општината доставен  до Советот на општина Ѓорче Петров, ова денеска го истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според ребалансот на Буџет потпишан од Николоски, нема пари за канализации и патишта, но затоа има за привремени вработувања и полнење на општинската администрација со партиски кадри. Наумоски ставката за привремени вработувања од 6.500.000 денари ја зголемува на 11.100.000 денари, или зголемување за близу 90%. Но затоа наместо да зголемува, намалува во ставката за изградба и реконструкција на локални патишта и улици така што од 9.000.000  на 2.000.000 денари, што претставува кратење за цели 7.000.000 денари. Иста е ситуацијата и со ставката за изградба на системи за водоснабдување каде градоначалникот кратат 4.000.000 денари за оваа намена. Градоначалникот Наумоски обезбедува средства во буџетот на општината 3.000.000 денари за консултантски услуги и статистички истражувања, всушност истите ги зголемува, но вели дека нема средства да се ангажира само еден наставник за да отпочне да функционира дневен престој за децата во барем едно училиште во општина Ѓорче Петров. Се поставува прашање што ли му е приоритет на овој градоначалник, ако тоа не се децата?, прашува Андоновска.

Таа додава дека Наумовски дава нови 3.000.000 денари, за консултантски услуги а истовремено крати скоро 3.000.000 од ставката за изградба на простор за паркирање. Очигледно е дека изградбата на паркинг места не му се приоритет на Наумоски исто така.

-СДСМ ја зголемуваат ставката за трансфери до невладини организации за над 1.000.000 денари, додека крати во ставките за изградба на сообраќајна сигнализација цели 2.500.000 денари. Недозволиво и крајно лицемерно е во кампањи да ветувате подобро образование  која и зголемени инвестиции во истото, а кога ќе дојдете на власта од ставката за основно образование да кратите 8.78% од првично предвидените средства. Наумоски и СДСМ покажаа дека не знаат да управуваат со општината. Ѓорче Петров тапка во место една година. Една година во Ѓорче нема проекти, нема инвестиции. Оваа власт покажа дека ниту знае ниту сака  да работи за доброто на граѓаните, потенцира Андоновска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток