Во Перу е пронајден фосил од кит со четири нозе кој е стар дури 43 милиони години, јавија светските агенции. Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.
Со четири екстремитети и способност да ја носи својата тежина и силна опашка, водоземниот кит се споредува со видра или дабар.
Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја разјасни еволуцијата на китовите и како тие се ширеле.