Македонија

Сугаревски го поништи и вториот повик за субвенции за евтини летови

Унгарската компанија Визер по вторпат извиси на јавниот повик за избор на авиопревозник чии летови Владата ќе ги субвенционира. И на вториот јавен повик Визер беше единствената пријавена компанија за субвенции од околу 5 милиони евра за наредните три години.

Министерството за транспорт и врски за неуспехот на првиот јавен повик соопшти дека компанијата имала технички пропусти во тендерската документација. На последниов повик, пак, Визер понудила сите четири дестинации од охридскиот аеродром да ги воведе дури од август идната година, што е спротивно на еден од критериумите во тендерот.

„Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот. Авиокомпанијата Визер понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи. Оваа фактичка состојба не ми остава никаква друга можност освен доследно почитувајќи ја  уредбата и јавниот повик повторно да ја поништам и оваа постапка“, изјави денеска министерот Сугарески.

Тој тврди дека стратешки интерес на Владата е да го развие охридскиот аеродром и од тоа не отстапува и најави дека за две недели треба да се распише нов јавен повик, со исти критериуми.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, развлекувањето на постапката е опасност државата да остане без нискобуџетните летови.

Визер сѐ уште одржува најголем дел од авиолините што ги воспостави во претходните шест години, кога добиваше субвенции, но најави и укинување на две нерентабилни линии.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток