Скопје

Во Скопје фатени 10 возачи без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (22.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, едно возило било технички неисправно и две возила поради претовар.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престигнување, четири возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток