Скопје

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ продолжи со акцијата за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема

Во моментов во месните заедници: Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик  се собира кабаст отпад, се расчистуваат отпадоците од јавните површини, се средуваат омилените игралишта на најмладите, а се кастрат и гранките на дрвјата и грмушките. Акцијата во истите месни заедници ќе продолжи и утре.

Општина Кисела Вода информира дека кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците. Одлагањето на отпад после опредeленото време е забрането.

Минатата седмица во урбаните заедници Расадник и Кисела Вода собрани беа околу 5 тони кабаст отпад.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток