Магазин

Почина српскиот актер Игор Первиќ

По долга и тешка болест, утрово почина српскиот актер Игор Первиќ. Первиќ беше роден во Белград на 29 октомври 1967 година.

Игор Первиќ жените го обожаваа, а беше еден од најубавите и најпосакувани актери. Долго го немаше на големото платно, а тогаш пред самиот крај на животот почнаа да му се нижат улоги кај Шотра, па во филмот „Проклетиот пес“, како и серијата „Немањиќ“.

Тој играше во многу филмови, меѓу кои „Црниот бомбардер“, „Буре барут“, „Сиви дом“, како и во познатите серии „Раненик“, „Вук Караџиќ“, „Ургентен центар“…

Кариерата ја почнал на седум години.

Игор имал само една желба, а тоа е враќање на театарот. На неговите молби за настап во театар, режисерите остануваа глуви.

Ги избегнуваше медиумите, бидејќи сметаше дека младите треба да се покажуваат, а неговото време дека поминало.

Од Первиќ прва се прости неговата девојка Јована Петровиќ, инаку внука на Чкаља.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток