Вчера околу 07,00 часот било пријавено дека во с.Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(58).
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а при увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
