Македонија

Мета: Значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот застој

Aлбанскиот претседател Илир Мета преку својот твитер-профил упати честитка до Владата на премиерот Зоран Заев по вчерашното гласање во Собранието.

-Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша албанскиот претседател.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток