Македонија

Глас за Македонија: Уценетите глави кои не се спремни да го отслужат тоа што им следува, се обидоа да ја укинат Македонија

Криминогените и кукавички структури, заштитени од ‘големи’ патрони, кои вчера дадоа поддршка за почеток на менување на Уставот, немаат легитимитет да ја кршат волјата на над 1.000.000 граѓани кои не го прифаќаат договорот со Грција, се вели во соопштението на партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.

„Како резултат на распадот на моралот на едно корумпирано општество се случи срамното гласање во Собранието, замислете на точно 80 пратеници. Уценетите глави, кои не се спремни да го отслужат тоа што евентуално им следува, се обидоа да ја укинат Република Македонија. Тоа е играње со демократијата и со правната држава. Набрзо, ќе дојде до ревизија на целата серија прекршувањата на принципите на меѓународното право, Уставот и законите направени во овој насилнички процес. Наредната власт во Република Македонија која нема да е подјадена од корупција, ќе има морална обврска, но и сила, да ги поправа штетите направени од корумпираните “елити“. Патот е тежок, но мора да се изоди“ велат од Глас за Македонија.

Тие порачуваат дека ќе се истражат и наводите за понудени пари, како и за влијанието врз некои медиуми од црни, грчки фондови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток