Македонија го презема претседателствувањето со ИЦМПД во декември, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Во рамките на Vienna Migration Conference 2018 што се одржа во Виена претходните два дена, а во организација на ИЦМПД Mеѓународниот центар за развој на миграциски политики, државната секретарка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со директорот на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер и неговите соработници, во врска со престојното претседателствување на Македонија на организацијата следната година. На средбата присуствуваше и министерот за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми“, соопшти МВР.
По повод претседателствувањето на средбата од страна на државната секретарка Магдалена Несторовска биле презентирани и аргументирани предлог- приоритетите на земава за престојното претседателствување, од аспект на развојот на имиграционите политики.