Македонија

Стружанец кршел во казино и се заканувал дека ќе активира бомба

Четириесет и петгодишен маж од струшко бил приведен пред казино на улицата Маршал Тито во Струга.

Претходно, како што соопшти полицијата, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент, приведениот ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба. Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток