Не забележав ништо сомнително – рекол во полиција Далибор Богдановиќ, кој тешко беше ранет во синоќешната експлозија во џип во Нови Сад.
Имено, како што пишува Курир.рс, Богдановиќ синоќа, непосредно пред експлозијата, бил на рекреација, а бомбата под неговиот џип била активирана со далечински управувач во момент кога тој се паркирал.
Бомбата била поставена под седиштето на возачот и го разнела долниот дел од џипот. Богдановиќ бил тешко ранет поради што му била ампутирана левата нога.
Меѓутоа, тој веднаш бил опериран и ево стабилна состојба, односно надвор од животна опасност.
Полицијата во моментов ги прегледува снимките од надзорните камери, а како што информираат медиумите, веќе се пронајдени неколку траги.