Најмалку 22 лица загинаа, а 171 се повредени кога еден од најновите и најбрзи возови во Тајван излета од шините.
Несреќата се случила во 16:50 по локално време, додека возот со 366 патника се движел на релација од предградието на Тајпеј кон Тајтунг.
Околу 120 војници заедно со пожарникарите ги спасуваат преживеаните.