Македонија

Дијаспората бара извинување од новинарката Лупевска Созен

Македонската активистка од Италија, Илона Захариева, бара од новинарката Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за реакцијата по гласањето на „Евросонг“.

„Снежана Лупевска Созен да ѝ се извини на дијаспората за изјавата.

Со оглед на тоа дека ‘Евровизија’ не е политички настан (или, пак е, со оглед дека се обиде да ја промовира новата држава и новиот северномакедонски народ), туку музички настан, не е задолжително да се гласа за некој што има ‘слично’ потекло. Споредбата на гласање на избори на дијаспората и гласање на ваков настан е нeиздpжaнa, или, пак, за платеници како Лупевска тоа е едно исто. Може само да кажеме браво за новата творба штом секој се дpзнyвa да прави закони и да ‘брише’ нeиcтoмиcленици.

Еднoyмието не е својствено за нас од дијаспората.

Единственото нешто што секогаш нè обединувало е Македонија.

Патем, за Тоше не беа толку peвносни северџаниве“, напиша на својот профил на Фејсбук претседателката на македонското здружение „Камен мост“ од Канели.

Реакцита доаѓа откако новинарката Снежана Лупевска Созен, преку својот фејсбук профил напиша дека Македонците од дијаспората се криви затоа што Тамара не победила на Евровизија, и побара на дијаспората да и се забрани да гласа на избори.

“ДИК под итно да ги избрише оние од дијаспората од избирачкиот список!Ем пари ни трошат ем нејќат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара!(секоја чест на исклучоците) Сепак #Proud сме ние овде”, напиша Лупевска на Фејсбук.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток