Твитерџиите имаат „материјал“ за да ја покажат својата креативност. Откако се појави бомбата за пратеникот Павле Богоевски, не запираат твитови и постови преку кои се исмева пратеникот, но и Власта која се обидува да го сокрие скандалот.
Деновиве се појави “синџир” на твитерџии преку кој стотици луѓе тврдат дека се таксисти на пратеникот.
Твитерџиите се изреволтирани откако обвинителството не најави истрага за набавка на дрога. Според информациите на обвинителството сега се бара непознат таксист од непозната такси компанија на која најверојатно Богоевски не се сеќавал кога пријави во полиција.
Јас сум таксистот на Павле. https://t.co/eYT9Zj2FlK
— Мартиан (@MartianFromMKD) May 20, 2019
