Македонија

Кривична за двајца измамници, едниот вработени во друштво за шпедиција

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Р.Џ.( 49) од Охрид како и против М.М.(42) за сторено казнено дело „злоупотрба на службена положба и овластување“. Р.Џ. како вработен во друштво за шпедиција „Сури Шпед” Охрид, во текот на 2016 година изработил лажен договор за купо-продажба на патнички автомобил „Audi“ и обезбедил фотокопија од исправа на странска сообраќајна дозвола за предметното возило.

Документацијата ја употребил пред Бирото за метрологија-Скопје како и пред Царинска управа-подружница Охрид врз основа на која била издадена царинска декларација.

Второпријавениот М.М.. во натамошна постапка, приложил документација не заверени кај надлежен странски орган и нотар во РСМ и без доказ за платени царински давачки и своерачно потпишал согласност за регистрација на автомобилот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток