Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги демантира шпекулациите дека реализацијата на проектот за изградба на гасоводот во државата е застанат.
Според првиот човек на министерствот за транспорт и врски само во првиот квартал од годинава се инвестирани толку средства колку што биле потрошени во текот на целата мината година.
– Во делот на гасоводниот систем во државата во моментот се работи убедливо најмногу, а реализацијата на средствата досега е со 26,7 отсто. Толку беа инвестирани лани, поради што тврдам дека реализацијата на капиталните инвестииции за гасификацијата ќе бидат реализирани стопроцентно, а можеби ќе требаат дополнителни средства преку ребаланс на буџетот. Во јавноста се слушаат и различни шпекулации околу висината на јавните инвестиици, кои во голема мера се неточни. Ако до истиот овој период минатата година беа реализирани 29,2 милиони евра за патишта, во моментот се преку 64 милиони евра. Покрај изградбата на автопатите, се работи и на експресните патишта, како и на реконструкција на триесетина други сообраќајни правци низ државата, истакна Сугарески.