Магазин

(ВИДЕО) Ванеса Меј преку видео порака ја поздрави Македонија

Атрактивната и популарна виолинистка  Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј, ќе го отвори фестивалот Охридско лето.

Таа испрати видео-порака до љубителите на уметноста во Македонија со кое ги повикува на нејзиниот концерт на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со кој ќе биде отворено годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Таа на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска палка на бугарскиот диригент Иван Кожухаров.

Британска мега популарна виолинистка  некогаш била нарекувана како “Чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот “Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот. Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува 3 албуми. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски.

Особено остава впечаток со нејзината изведба на “Toccata and Fugue” на Јохан Себастијан Бах во Д Мол, која е копирана низ целиот свет. Ванеса е првиот изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата “Најдобар женски изведувач”.

Во 2006 година e рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот, што е вистинска реткост за еден виолинист.

На своите концерти Ванеса свири на два типа виолини, и тоа, класичен модел на Guadagnini од 1961 чија вредност се проценува на 150 илјади фунти и електрична виолина Zeta Јеzz, со чија комбинација приредува едно незаборавно уживање на публиката насекаде низ светот.

12.07.2019 Свечено отворање на фестивалот ,,Охридско лето"Ванеса Меј

Posted by OHRID SUMMER FESTIVAL – ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО on Tuesday, May 28, 2019

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток