Македонија

Си зела кредит на туѓо име, пазарела со неговата картичка, а потоа извадила и кеш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(34) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на лични податоци“ и ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 04.01.2018 година во Кавадарци, во простории на финансиско друштво, пријавената, без согласност од С.Ѓ. од Кавадарци, аплицирала за потрошувачки кредит и ги навела неговите лични податоци, по што му бил одобрен потрошувачки кредит во износ од 12.000 денари. По ова, на 09.01.2018 и 12.01.2018 година од банкомат во Кавадарци, пријавената од банкарската картичка на С.Ѓ. подигнала 10.000 денари, а потоа во маркет во Неготино со истата банкарска картичка извршила две трансакции.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток