ВМРО-Народна партија упатува честитка до целата нација по повод празникот Денот на Македонската револуционерна борба и 125 години постоење на ВМРО.
„Овој историски ден всушност ја отсликува непрекинатата борба на Македонскиот народ која пренесена во континуитет продолжува и денеска со стремежот за економско воздигнување, унапредување на човековите права, благосостојба но и зачувување на ова парче земја односно стремежот за безбеден и сигурен живот во Македонија.
Со остварувањето на вековниот сон кој како дел од Уставот на македонските револуционери, Македонија – независна и суверена држава, се остваруваат и идеалите на нашите предци, но и идеалот на новите генерации, да ја видат Македонија како дел од големото Европско семејство и НАТО алијансата. Нека е за многу години и нека е вечна организацијата!“ се наведува во честитката.