Македонија

Единствена Македонија: Зошто Мицковски молчи за џамијата-дивоградба во Охрид и криминалот на Ахмети и Џафери од 2,5 милиони евра

„Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски секојдневно има изјави за се и сешто во државата а за минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и криминалот со земеното мито од Али Ахмети и Муса Џафери во висина од 2,5 милиони евра, целосен молк од Мицковски.

Зошто Мицковски молчи за едно клучно прашање како што е минарето-дивоградба на џамијата во Охрид и не бара доследно почитување на законот и рушење на дивоградбата иако се менува физиономијата и карактерот на Охрид како 95 отсто христијански град. Зошто Мицковски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го урне минарето-дивоградба!?

Зошто Мицковски молчи за криминалот со земеното мито на Али Ахмети и Муса Џафери од 2,5 милиони евра од „Маѓар телеком„ дотолку повеќе, и Апелациониот суд Скопје сега потврди дека сведокот Слободан Богоевски бил во право кога сведочел дека Ахмети и Џафери земале мито. Зошто Мицковски не ветува дека доколку дојде на власт ќе го гони криминалот на Али Ахмети и Муса Џафери!?

Дали Мицковски со секојдневни вообичаени изјави за се и сешто, всушност ја замајува јавноста и го свртува вниманието од клучните прашања како што прави Зоран Заев со т.н метла.

Христијан Мицковски како лидер на парламентарната ВМРО-ДПМНЕ и должи одговор на јавноста на овие прашања“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток