Во чест на големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври, и 125 години од формирањето на ВМРО, денес, вторник, 23 октомври, делегација на Единствена Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Скопје.
„Денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 125 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја. Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историсктаа оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.
Меѓутоа, денеска сведоци сме дека Републиката е исправена пред сериозен предизвик, бидејќи, актуелната марионетска власт и нејзините странски газди сакаат да избришат се што е македонско. Затоа, останува сега на оваа генерација македоцни да го спречиме овој геноцид што сакат да се направат врз македонскиот народ, да се избрише вековното македонско име, идентитет, историја, традиција, јазик и култура. Ние сме убедени дека ќе победиме во оваа битка. Македонија мора да победи. Впрочем, не им било лесно и нашите претци кои имале јасна кауза. Потребно е сега како Македонци да бидеме единствени и сплотени оти имаме јасна кауза, и таа кауза секогаш се соочувала со проблеми и предизвици и секогаш имала противник, и каузата победувала. Затоа, упатуваме порака дека и ние, оваа генерација Македонци ќе успееме, бидејќи заветот е голем од нашите предци, влогот е голем. Тој влог е врежан во минатото од нашите претци, и ќе биде развиван од нашите деца и внуци во иднината. Тоа е Макеоднија и Македонците. Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее Република Македонија“, рече во честитката Бачев.