Македонија

Македонската и словенечката полиција ќе ја надградуваат соработката

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во Љубљана остварил работна средба со генералната директорка на словенечката полиција Татјана Бобнар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На средбата биле потенцирани одличните односи меѓу полициите на двете земји, особено поддршката што словенечката полиција и ја дава на македонската полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полицајци на македонско-грчката граница, на  помош на македонската полиција заедно со уште неколку контингенти од други пријателски земји.

Двајцата соговорници, во рамки на средбата, потенцирале дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат.

Министерството додава дека директорот Тасевски во Љубљана се сретнал и со 30 полицајци од словенечкиот контингент кои во наредната ротација ќе дојдат во земјава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток