Одделот за борба против трговијата со дрога на шпанската полиција соопшти дека во заедничка операција со Службата за борба со наркотици на САД биле запленети 1.400 килограми кокаин.
Операцијата била спроведена на брод во Атлантскиот Океан, на околу 1.800 километри од Канарските Острови. Во акцијата се уапсени десет лица, меѓу кои и еден Бугарин.
Седум од уапсените биле турски државјани, еден Украинец и еден Грузиец.
Според шпанската полиција, бродот пловел кон европско, можеби и шпанско пристаниште каде би го истоварил кокаинот по што дрогата би била дистрибуирана низ целиот континент.
Шверцот со дрогата го организирала турска организирана криминална група. Оваа операција на шпанската полиција е трета против турски криминални групи.