Скопје

Повреден малолетник во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 18.30 часот на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, Л.А.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток