Македонија

Вработена во Агенција за храна и ветеринарство од камион зела вреден предмет, кој не подлежи на контрола на Агенцијата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 03.03.2019 година на Граничен премин „Табановце“, пријавената, како државен службеник во Агенција за храна и ветеринарство, од товарно возило, сопственост на фирма од Скопје, без претходна идентификација на пратка, зела вреден предмет, кој не подлежи на контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство.

По реакција од фирмата, пријавената го вратила предметот, за што изготвила записник за земени мостри на храна и производи што доаѓаат во контакт со храна од увоз, кој не бил заведен во евидентните книги на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток