Македонија

Каков е јавниот превоз во Тетово? Затекнати возила со неисправни сопирачки, истечена регистрација …

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 95 возила (ТЕ-75 и ГВ-20), додека кај 21 возило (ТЕ-14 и ГВ-7) биле утврдени различни неисправности. 12 од контролираните возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-9 и ГВ-3 ), две (ГВ) уреди за управување, две истечена регистрација (ТЕ-1 и ГВ-1), три неизвршен технички преглед  (ТЕ-2 и ГВ-1 ) и две возила (ТЕ) некомплетна опрема.

Вчера, исто така, во Тетово санкционирани биле 29 погрешно паркирани возила, кои се подигнати од специјално возило „пајак“, а откриени се и пет возачи кои управувале беа возачка дозвола и три возачи-почетници, кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток