Историската Прва баптистичка црква во Вејкфилд, Масачусетс, беше изгорена до темел во огромниот пожар предизвикан од молња, пренесува РТ.
Пожарот избувнал во вторникот вечерта, но пожарникарите не успеале да го спасат 180 метри високото здание. Сведоците велат дека пожарот бил предизвикан од молња што ја погодила црквата и бргу се раширил.
„Го видов ударот на молњата, го видовме чадот и пожарот бргу се разгоре“, вели жителот Кристијан Бруно.
За среќа, никој не бил повреден во пожарот иако во тоа време имало часови во црквата.
100-ина пожарникари со часови се бореле со пожарот. Било толку жестоко што топлината можела да се почувствува во неколку блока, а огнените пламени можеле да се видат од периферијата на градот.