Шпанските власти соопштија дека уапсиле најамлку 15 лица и заплениле повеќе од пет тони кокаин скриен во банани.
Во акцијата, во јужниот град Малага, учествуваат припадници на цивилната гарда и националната полиција, изјавил неименуван претставник.
Десетина возила се наоѓаат во индустрискиот парк во Малага, каде што се одвива акцијата на апсење, навеле сведоци за локалниот весник „Дијарио Сур“.