Свет

Терористот од Крајстчрч ладнокрвно уби 51 лице, а во судницата им се смееше на семејствата на жртвите

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во март годинава, денеска пред Судот се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.

Абдул Азиз, човекот кој храбро му се спротиставил на убиецот за време на маскрот во џамијата, жестоко се обрати кон Терант кој во судот се смешкаше додека роднините на жртвите со ужас го гледаа напаѓачот.

Преживеаните од масакрот плачеа додека Терант по ред ги отфрлаше обвиненијата за убиство, убиство со предумисла и тероризам.

Судењето на Терант е прво од ваков вид во Нов Зеланд и се смета дека може да се развие во сложен судски процес.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток