Македонија

Приведен уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседателoт на Советот на општината, се приведени на информативен разговор во Финансиската полиција.

Тракче Димитриев реновирал објект со 500.000 евра пари од Европската унија, а потоа го продал за околу 30.000 на близок роднина за истиот да отвори казино.

Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Велес годинава поднесе кривична пријава против Трајче Димитриев од Демир Капија за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Тогаш беше наведено дека за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен

Тој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток