Македонија

Единствена Македонија: Неспорен факт е дека Стево Пендаровски е странски измеќар инсталиран за уништување на македонскиот народ

Стево Пендаровски се придружи на марионетската влада во Скопје во проектот за подарувањето на македонската историја на Бугарија со изјавата дека македонскиот великан Гоце Делчев бил Бугарин, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

За кој неспорни факти зборува Пендаровски дека Делчев бил Бугарин кога апостолот на македонското револуционерно движење е чистокрвен Македонец од Беломорска Македонија кој животот го посветил за слободна и независна Македонија и побарал да биде погребан во главниот град на самостојната македонска држава.

За тврдењето на Пендаровски нема ниту еден директен историски извор а постојат директни пишани сведоштва не само од Гоце Делчев, туку и од неговото семејство, револуционерката Руша Делчева сестра на Делчев, и неговата внука Катерина Нурџиева дека нивната фамилија вклучително и Гоце недвосмислено се декларирале како Македонци.

Пендаровски со тврдењето дека Делчев е бугарин се вклучува во бугарската стратегија дека Македонците се Бугари кои Јосип Броз Тито насилно ги натерал да бидат Македонци. Цел свет знае дека неспорен историски факт е оти Стево Пендаровски е странски измеќар инсталиран за уништување на македонскиот народ и македонската држава. Но, среќа во несреќа е што Пендаровски не ја отсликува вољата на македонскиот народ оти на изборите беше избран само со 23 отсто од вкупно запишаните избирачи, а и тој мал број на гласови, добар дел беа подарок од албански државјани на Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток